Индиректните разговори меѓу Израел и Хезболах ќе започнат наскоро

Хезболах
Знаме на Хезболах/ Фото Архива на Слободен печат

Наскоро се очекува да започнат индиректните преговори за прекин на борбите меѓу Израел и вооружената група Хезболах во јужен Либан, јави ДПА, повикувајќи се на либански медиуми.

Привремениот либански премиер Наџиб Микати денеска најави дека разговорите ќе започнат за време на светиот муслимански месец Рамазан, кој ќе започне на почетокот на следната недела, соопшти либанската новинска агенција ННА.

Либанските власти го проучуваат предлогот на американскиот специјален пратеник Ејмс Хохштајн, советник на американскиот претседател Џо Бајден. Хохштајн во понеделникот беше во Бејрут на разговори кои се фокусираа на дипломатските напори за ставање крај на непријателствата меѓу групата Хезболах поддржана од Иран и Израел.

Од почетокот на војната во Појасот Газа по нападот врз јужен Израел од страна на палестинската исламистичка група Хамас поврзана со Хезболах и други милитантни групи на 7 октомври, избувнаа борби во израелско-либанската погранична област, забележа ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот