Инцидент во мигрантскиот камп во близина на Сараево, интервенираа специјалци

Припадници на специјалните полициски единици интервенираа ноќеска за да ги смират инцидентите што избувнаа во еден од центрите за прием на илегални мигранти во околината на Сараево, при што некои беа повредени, потврди портпаролот на сараевската полиција, Мирза Хаџиабдиќ.

Тој рече дека најмалку двајца полицајци и еден вработен во Меѓународната организација за миграција (ИОМ), која управува со прифатниот центар, се повредени во судирите предизвикани од мигранти во кампот близу Блажуј.

Како што пренесуваат локалните медиуми, мигрантите оштетиле и неколку полициски возила, а има и превртени автомобили со искршени стакла.

Полицијата потврди дека неколку мигранти биле приведени за насилно однесување.

Конфликтот избил кога вработените во ИОМ се обиделе да пренесат еден од мигрантите од кампот во Блажуј во друг камп. Мигрантот претходно ги охрабрувал инцидентите.

– Станува збор за мигрант, кој всушност е водач на една од групите во овој камп. Мигрантите се обидоа насилно да го ослободат, по што дојде до конфликт, изјави портпаролот на полицијата.

Постојат два кампа со илегални мигранти во околината на Сараево, а нивниот капацитет е нешто повеќе од две и пол илјади легла.

Најголем број мигранти живеат во Унско-санската жупанија.

 Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч” (ХРВ) денеска апелираше до Босна и Херцеговина веднаш да преземе мерки за да обезбеди заштита на стотиците мигранти кои претстојуваат во нехумани услови. Апелот пред се се однесува на мигрантите кои се сместени во околината на Бихаќ.

– Стотици мигранти и баратели на азил во северозападниот дел на БиХ зимските денови ги поминуваат во тешки услови бидејќи локалните власти повеќепати пропуштија да преземат мерки за да одговорат на нивните основни потреби, изјави претставничката на ХРВ, Лидија Гејл.

Според ХРВ недозволено е стотици мигранти во зимски услови да престојуваат под шатори и без нужна медицинска нега и затоа бара итни мерки за обезбедување на соодветно сместување.

Критиките упатени до властите на БиХ се однесуваат пред се на импровизираниот бегалски камп Липа во околината на Бихаќ.

Во Липа минатато лето беше воспоставен прифатен центар со повеќе од илјада мигранти под шатори, но во декември Меѓународната организација за миграција (ИОМ), која управуваше со ццентарот, процени дека не може да гарантира безбедно сместување во зимски услови бидејќи шаторите може да се урнат т под тежината на снегот.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот