Инцидент во Рим: Избодени и ограбени навивачи на Брајтон

Фото: EPA-EFE/ISABEL INFANTES

Двајца навивачи на англискиот премиерлигаш Брајтон биле избодени со нож и ограбени изминатата ноќ во Рим, соопшти полицијата.

Навивачите кои биле на возраст од 28 и 29 години се хоспитализирани поради убодни рани во пределот на бутовите.

Како што соопштија од полицијата, тие биле нападнати околу полноќ во близина на еден ресторан. Нападот го извршиле шест-седум маскиранми лица. При нападот тие им одземале троба во која имале лични документи и пари.

Полицијата отвори истрага и потрагата по напаѓачите е во тек. Фудбалерите на Брајтон вечерва во Рим играат против Рома во рамките од осминафиналето во Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот