Импровизираните затвори за борците од Исламска држава пред колапс

Фото: Профимедиа

Обидите да се обезбедат импровизираните затвори во кои престојуваат илјадници затвореници од екстремистичката група Исламска држава (ИД) се на раб на колапс, развој на настаните кој би можел да и помогне на групата повторно да го зголеми своето влијание во Сирија и Ирак, објави „ВОА“.

Месеци наназад, официјалните лица велат дека затворите кои ги предводат сириските Демократски сили (СДФ) поддржани од САД, се „доволно добри“ за ги држат борците. Поголемиот дел од војниците на ИД беа уапсени по падот на градот Багуз во март, последното упориште на терористичката група во Сирија.

Но, обидите за враќање на странските борци на ИД во нивните земји застанаа, и во момент кога илјадици други чекаат да се соочат со правдата, стравовите се се поголеми дека импровизираните затвори се пред целосен колапс.

– Нема затвори кои би можеле да контролираат 10.000 борци на ИД – смета Крис Мајер, директор на оперативната група за уништување на ИД во Пентагон.

Поголемиот дел од затворите се згради, како училишта или канцеларии, кои брзо биле пренаменети во установи за притворање на борците, кога САД и коалициските сили ги освоија последите локации кои ги контролираа терористите во Сирија.

Набрзо, затворите набрзо ќе бидат преполни. Во март, САД започна да им испраќа на СДФ материјали за поправка на локациите.

Според пишувањата на „ВОА“, забележани се бројни обиди за бегство, а официјалните лица стравуваат дека доколку борците на ИД успеат да избегаат, тие ќе бидат уште поспособни и поопасни од порано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот