Има втор најголем пораст на ковид заболени во Европа по Шпанија: Чешка од понеделник под вонредна состојба

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Чешката Влада донесе одлука за прогласување на вонредна состојба што ќе стапи во сила од понеделник и воведе мерки што вклучуваат ограничување на собири и забрана за музички настани во борбата против новиот бран на коронавирусот.

Државата со популација од 10,7 милиони жители, овој месец забележа над 43.000 заразени случаи со ковид-19 и пораст на бројот на починати за 50 отсто, што претставува втор најголем европски пораст на инфицирани по Шпанија. Затоа министер за здравство, Роман Примула најави заострување на мерките што ќе траат две недели.

Во земјата ќе бидат ограничени собирите во затворено до 10 луѓе, а на отворено максимум 20. Спортските натпревари ќе продолжат, но без публика.

Средните училишта во покраините со поголем ризик од понеделник ќе почнат со настава од далечина, а ќе им се придружат и универзитетите. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот