Идеален летен ручек или вечера: Паста со вкусен сос од домати кој не мора да се готви

паста
Паста / Фото: Pexels / Trang Doan

Оваа брза и лесна летна паста е одличен избор за вкусен оброк во жешките летни денови, а исто така одличен начин да ги искористите презрелите домати од сите облици, бои и големини. Овој ручек или вечера ќе биде готов за кратко време, а сосот не мора ни да се готви.

Во лето, повеќе од кога било, копнееме по лесни и брзи рецепти, а особено популарни се јадењата со тестенини. Ако ги додадеме освежителните домати и фактот дека овој вкусен сос за тестенини не ни треба да се готви, несомнено го имаме новиот омилен летен рецепт. Вкусно, освежително, ароматично и брзо.

Потребни состојки:

-1 кг домати (приближно 4-5 домати со средна големина)
– 1 чешне лук
– 85 г ситно рендан пармезан
– 60 г несолен путер
– маслиново масло
– 1 лимон
– 1 лажичка балсамико оцет
– 1 лажичка мед
– 1/2 лажичка црвен пипер
– 1 лажичка сол
– 1/2 лажичка свежо мелен црн пипер
– 450 г долги тестенини (како шпагети, лингвини или фетучини)
– половина шака искинати листови свеж босилек

Подготовка:

Прво ги подготвуваме доматите. Во сад нежно стиснете ја секоја половина домат за да ги извадите семките и вишокот течност. После тоа, исечкајте ги доматите и ставете ги во сад. Изгмечете ги доматите со задниот дел од дрвена лажица или со рацете. Додадете ги останатите состојки. Во сад ставете ги лукот, пармезанот, путерот, маслиновото масло, сокот и кората од лимон, балсамико оцетот, медот, црвениот пипер, солта и црниот пипер. Промешајте да се соединат. Покријте го садот со фолија и оставете на собна температура 15тина минути. За тоа време сварете ги тестенините во големо тенџере со добро солена вода. Сварете ги тестенините ал денте. Сварените тестенини исцедете ги и префрлете ги директно во садот со доматите. Во ред е ако додадете и малку вода за тестенини – тоа ќе помогне подобро да се стопат путерот и кашкавалот. Пробајте ги тестенините и по потреба зачинете со повеќе сол и црн пипер. Нежно измешајте го босилекот. Префрлете ги тестенините во чинии, прелијте го остатокот од сосот. Декорирајте со повеќе пармезан и малку маслиново масло. Послужете веднаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот