Ибраими: Убаво е чувството да се биде повторно во дресот на репрезентацијата

Бесарт Ибраими доби повик од селекторот на сениорите, Благоја Милевски/фото: ФФМ

Македонската селекција составена од фудбалери, претежно од домашниот шампионат, ги започна подготовките за контролниот натпревар против Саудиска Арабија на 22 октомври во Абу Даби.

Саудиска Арабија е инаку еден од учесниците на Мундијалот во Катар годинава, се наоѓа во групата „Ц“ со Аргентина, Мексико и Полска.

Денешниот прв тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје го одработија сите повикани фудбалери со исклучок на Дарко Велковски. Нашиот интернационалец во Абу Даби ќе му се приклучи на тимот.

Еден од најискусните во овој состав, играчот на Струга Трим Лум Бесарт Ибраими (35) вели дека секогаш е убаво чувството кога се настапува во дресот на македонската репрезентација.

Претходно 15 пати Ибраими го носеше дресот на сениорската репрезентација на Македонија, но до сега не се има запишано во листата на стрелците.

– Убаво е чувството повторно да се биде во дресот на репрезентацијата. Сите што сме овде треба максимално одговорно да ја сфатиме нашата задача и да се обидеме да направиме позитивен резултат против Саудиска Арабија. Нѐ очекува силен предизвик. Противникот се подготвува за настап на Светското првенство и веројатно ќе бидат мотивирани за победа и зголемување на самодовребата пред почетокот на Светскиот шампионат. Наше е да го покажеме квалитетот, да ја оправдаме довербата на селекторот и да потврдиме дека и во нашата лига има фудбалери со репрезентатитевен потенцијал – изјави Ибраими.

Потсетување дека следниот месец нашата А селекција на Националната арена „Тодор Проески“ ќе одигра уште два контролни мечеви, на 17 ноември против Финска и на 20 ноември против Азербејџан.

фото: ФФМ

Милевски го објави списокот за натпреварот со Саудиска Арабија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот