Ибра: Овој Јунајтед изгледа подобро, но залудно кога не освојува ништо!

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Во четвртокот Милан доживеа елиминација во осминафиналето на Лига Европа откако на домашен терен загуби со 0:1 од Манчестер јунајтед.

Златан Ибрахимовиќ настапи во второто полувреме за „росонерите“, но не успеа да дојде до реализација против својот поранешен клуб.

Швеѓанецот еден дел од неговата богата кариера ја помина токму во дресот на „црвените ѓаволи“ со кои дојде до трофеите во ФА Комјунити Шилд, Лига купот и Лига Европа во сезоната 2016/2017.

После реванш мечот на „Сан Сиро“, од Златан беше побарано да го спореди денешниот Јунајтед со тимот во кој тој играше.

– Овој тим на Манчестер јунајтед изгледа подобро од оној за кој јас играв, но тоа е целосно неважно кога не освојувате трофеи. Значи, „мојот Манчестер“ за кој настапував освојуваше трофеи, но не и сегашниот и тоа е голема разлика – рече Златан.

Лига Европа: Адеми и Ристовски за полуфинале против Виљареал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот