Иако навивачите бараат негов крах, спортистите го респектираат: Новак обожува кога навивачите се против него

Тој напредува поради податокот дека навивачите се против него/ Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Новак Ѓоковиќ на УС Опен брка историја, тој е во поход на освојување на 21 грен слем титула со која би станал тенисер со највеќе титули на најголемите турнири, а воедно и ќе стане првиот тенисер по Род Лејвер кој го освоил календарскиот слем.
Ѓоковиќ во првото коло го совлада квалификантот Холгер Руне, но сцените од комплексот „Флешинг Медоус“ не се менуваат, публиката повторно беше на страната на противникоти навиваше против Ѓоковиќ.

Но, затоа останатите спортисти имаат преголем респект за српскиот тенисер. Крилниот центар на Бруклин нетс, Блејк Грифин се пофали преку својот профил на Инстаграм со заедничка фотографија со Новак Ѓоковиќ.
Весникот „Њујорк пост“ е еден од медиумите кои се занимаваше со односот на навивачите но и останатите медиуми во САД кон Новак Ѓоковиќ.
„Ова е како случајот со Иван Лендл. Доколку Лендл успееше да ја засени славата на Сампрас, тоа ќе беше аналогна ситуација на онаа која ја имаме во овие моменти. Новак и Лендл се машини, некреативни машини. Доколку Новак освои 30 грен слем титули и понатаму ќе се поставува прашањето дали беше на нивото на Рожер Федерер. Тоа е бизарно“, изјави за „Њујорк пост“ еден навивач на Федерер.

Дури и славниот американски тенисер, Џон Мекинро се обидува да ја објасни нетрпеливоста која Американците ја имаат кон Ѓоковиќ.
– Новак е трет кога станува збор за популарноста и постојат многу причини за тоа. Федерер прв ја започнаа оваа неверојатна трка, Рафа му се приближи, а потоа дојде Ѓоковиќ кој веќе десет години „ги прогонува“ – вели Мекинро.

Поранешниот тениски шампион е воодушевен од можностите и квалитетите на Ѓоковиќ иако и самиот признава дека обожува да ги гледа Федерер и Надал.
– Неговиот тенис не е толку убав за гледање како тој на Федерер, не е толку физички импресивен како Надал, но технички Новак е совршен. Но, тоа не е причина да биде нешто најдобро за гледање. Затоа и не е толку сакан  од навивачите. Но, Новак е најдобар која е најтешко. Никогаш не сум видел некој како него да биде смирен кога станува збор за притисокот. Тој напредува поради податокот дека навивачите се против него. Тоа го носеше во текот на целата кариера, а ќе го мотивира и оваа година на УС Опен – додава Мекинро.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот