И Миле Јанакиески во самоизолација

Миле Јанакиески
Миле Јанакиески /Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е во самоизолација, откако имал контакт со заболен од коронавирус. Ова на денешното рочиште за случајот „Топлик“ во кој тој е обвинет го кажа судечкиот судија Осман Шабани.

Адвокатот на Јанакиески на судијата му приложи документ издаден од Државниот санитарен и здравствен инспекторат според кој му се одредува самоизолација на Јанакиески во траеше од 14 денови.

Следното рочиште за „Топлик“ е закажано за 18 ноември. Покрај Јанакиески, во „Топлик“ обвинети уште петмина вработени во Министерството за транспорт и врски. Според Основното јавно обвинителство тие се виновни бидејќи сториле злоупотреба на службената положба и овластувањата.

Јанакиески, според обвинението на СЈО, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Штетата што ја направиле на државата е 65 милиони денари или милион евра.

„Таргет-Тврдина” одложено за 3 ноември зашто Мијалков има Ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот