-7 на Попова Шапка, 8 степени во Гевгелија

Фото: МИА

Изутринава најстудено со измерени -7 степени Целзиусови е на Попова Шапка, додека со 8 степени најтопло е во Гевгелија.

УХМР информира дека измерени се -2 степени во Лазарополе и Крушево, 1 во Берово, 2 степени во Крива Паланка, Претор и Прилеп, 3 степени во Охрид, Тетово, Дебар, Штип и Куманово, 4 Битола, Велес, Кавадарци и Виница, 5 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица и Демир Капија и 6 степени во Дојран.

За изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2) наврнат воден талог како што информираа од УХМР е 37 Охрид, 30 Лазарополе, 27 Демир Капија, 25 Кавадарци, 24 Маврови Анови, Прилеп, 23 Дебар, 22 Крушево, 21 Попова Шапка, Пожар, 20 Струмица, Битола, Берово, 18 Претор, 17 Виница, 16 Тетово, 15 Штип, 14 Велес, Куманово, 13 Скопје-Петровец, 12 Ѓуриште, 11 Скопје-Зајчев Рид, 9 Крива Паланка, 5 Дојран.

Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Утрово е променливо облачно со умерен до засилен северен ветер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот