Хрватска во паника: За три недели можно е 2.000 новозаразени, за еден месец 5.000

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Научниот совет на хрватската влада за коронавирусот не е оптимистичен и оценува дека бројот на новозаразени во Хрватска би можел да се качи и на повеќе од 2.000.

Како што пренесува Танјуг, тие стравови би можеле да се исполнат уште за три недели ако пропишаните заштитни мерки не се почитуваат. Се истакнува дека за еден месец бројката би можела да дојде и до 5.000.

Хрватски Јутарњи лист повикувајќи се на неофицијални извори, пишува декае заштитните мерки се донесуваат пропорционално со бројот на новозаразени, така што, како што наведуваат, ако има нови големи зголемувања, а особено ако не се поврзани со големи собири, ќе се донесат нови ограничувања.

Во Хрватска од вчера стапуваат во сила построги епидемиолошки мерки кои ги најави Кризниот штаб поради наглото зголемување на заразени во последните денови. Според новите правила, задолжително е носење маски во продавници, јавниот превоз, медицинските установи.

Нагло зголемување на бројот на заразени во Хрватска, стапуваат на сила построги епидемиолошки мерки

Пред еден месец, односно на 13. јуни во Хрватска броеше само 10 активни случаи со коронавирусот, а сега бројот на активни случаи е 1142. До 13. јули, регистрирани се вкупно 3775 заразени лица со новиот коронавирус од почетокот на епидемијата во Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот