Хрватска денеска против Холандија за финале во Лигата на нации

фото: EPA-EFE/Abir Sultan

Репрезентацијата на Хрватска денеска од 20.45 часот ќе го игра полуфиналниот натпревар против Холандија. Овој меч е во рамките од завршниот турнир од Лигата „А“ во Лигата на нации кој ќе се одржи во Ротердам.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Шпанија и Италија, а овој дуел е закажан за в четврток, исто така од 20.45 часот, а финалето и мечот за третото место ќе се одиграат в недела.

– Холандија е голем противник кој беше на врвот на светскиот фудбал и повторно се враќа на тие позиции. Тие играат пред својата публика и ќе биде тешко, но јас сум оптимист со оглед на нашата желба. Сакаме да уживаме во завршниот турнир, а резултатот е веќе одличен со пласманот меѓу најдобрите четири репрезентации. Ќе се обидеме да дојдеме до медал – рече хрватскиот селектор, Златко Далиќ.

Капитенот на „коцкестите“, Лука Модриќ вели дека репрезентацијата е полна со ентузијазам, волја и енергија.

– Играме против добра, млада, талентирана селекција, која се враќа на старите патеки на славата, тие се квалитетна генерација, ќе ни биде тешко пред нивните навивачи, но ќе има и наши навивачи, па тоа ќе биде поттик за нас. Според мене шансите се 50-50, наше е повторно да го дадеме својот максимум. Полни сме со ентузијазам, волја и енергија, работевме феноменално и се чувствуваме добро, иако ни претстои тежок натпревар против феноменален тим полн со врвни играчи кои се иднината на европскиот и светскиот фудбал – се зборовите на Модриќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот