Храната за една година поскапе за 24,3 проценти

Маркет /Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Инфлација од 16 проценти во јули во однос на истиот месец во 2021 година, пресмета Државниот завод за статистика. Она што е особено поразително во бројките се пресметките  за пораст на трошоцитѕе за храна.

Овие трошоци според статистичарите, за една годна се зголемиле дури за 24,3 проценти. Притоа, лебот и житата поскапеле за 36,5 проценти, месото за 21,4 проценти, масла и масти за 51,9 проценти, млеко, сирење и јајца за 23,5 проценти. Голем раст има и цената на ставката “шеќер, мармалад, чоколадо и кондиторски производи“ – 22,2 проценти, како и на кафето, чајот и какаото од 17,5 проценти.

Помало зголемување има кај овошјето кое летово е поскапо за 3,5 проценти, но зеленчукот има повисока цена за дури 23,3 проценти.

Трошоците за електрична енергија се зголемиле за 20,2 проценти, а транспортот поскапел за 24 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот