Храна која повеќето не ја чуваат во фрижидер, а притоа е препорачливо за да го задржи својот квалитет

Unsplash
Unsplash

За да може храната да биде свежа, безбедна и вкусна што е можно подолго, мора да се грижиме како ја чуваме.

Погрешните услови може да доведат до непријатни последици, како што се расипување, мувла, па дури и инфекција.

Сите знаеме колку е важно да се чуваат работи како млеко во фрижидер, но многу повеќе производи можат да имаат корист ако се чуваат во фрижидер, како што пишува „Bright Side“.

Брашно

Оваа храна мора да се чува на ладно и темно место, на пример во херметички затворен сад. На овој начин производот е заштитен и долго останува свеж. Всушност, брашното што ќе се отвори ќе биде добро во фрижидер 12 месеци, додека на собна температура може да трае само од 6 до 8 месеци.

Суво овошје и зеленчук

Сувото овошје и зеленчук навистина може да се остави да стои во плакарот долго, до 6 месеци. Сепак, тој е безбеден само доколку остане неотворен. Откако тоа ќе се отвори, најдобро е таквата храна да ја чувате во фрижидер бидејќи рокот на траење може да се намали на еден месец.

Печени производи

Иако не е препорачливо да ставате леб во фрижидер, производите како банички, кифлички и слично може да се чуваат во фрижидер малку подолго отколку на собра температура. Исто така, чувањето отворени пакувања со тортиљи во фрижидер им овозможува да останат свежи до 3 месеци.

Јаболка

Ова овошје ќе остане свежо и крцкаво цел месец кога ќе се чува во вреќа отпорна на влага во фрижидер. Препорачливо е да се избегнува миење јаболка пред да ги оставите во фрижидер бидејќи може да предизвикате нивно побрзо расипување.

Цитрусни овошја

Портокалите, клементините, грејпфрутите и другите цитрусни овошја може да се чуваат околу 2-3 недели во фрижидер, а само околу 10 дена на собна температура. Нема потреба да го ставате овошјето во сад или пластична кеса – само наредете го фоката наменета за овошје во самиот фрижидер

Ореви и други јаткасти плодови

Откако ќе го отвориме пакетчето со ореви и други јаткасти плодови, најдобро е да ги ставите во херметички затворен сад во фрижидер за да ја задржите влагата; на тој начин оревите остануваат свежи подолго

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот