Хороскопски знаци на кои ќе им се насмевне љубовта во месец февруари

хороскоп
Рене Магрит - Љубовници (IV) 1928–1928

Вториот месец од оваа година на некои луѓе може да им го промени љубовниот живот. После студениот јануари кој беше студен и кога станува збор за љубовта, на некои хороскопски знаци ова ќе им биде многу романтичен февруари.

ЛАВ

Сите жени родени во знакот на Лав, кои се уште не се во врска, овој месец ќе се заинтересираат за два потполно различни типа на мажи. Кај едниот ќе им се допадне изгледот, а кај другиот шармот. Пред нив ќе биде тешка задача да го изберат вистинскиот партнер. После колебањето тие сепак ќе го послушаат срцето.

Можно е да се појави љубомора поради личност која секојдневно поминува време со вашиот партнер. Најпаметно е да поразговарате со нега, а после разјаснување на ситуацијата, вториот дел од месецот ќе го поминете без љубовни грижи.

 

ВАГА

Дали се уште го барате својот партнер? Сега е вистинската можност и да го пронајдете. Доколку во вашиот живот постои некој кој ви се допаѓа, овој месец ќе имате шанса да си пријдете. Ве очекува вистинска холивудска љубовна приказна каде ќе делува како целиот свет да се врти околу вас и вашиот партнер.

Сите Ваги кои моментално се во врска можно е да почувствуваат заситеност од партнерот. Доколку се почувствувате така замолете го партнерот да поминете некое време одвоено.

ВОДОЛИЈА

Доколку немате партнер време е да се обидете да го најдете онлајн. Онлајн познанствата можат да бидат магични и мистериозни. Веројатно ќе повикате еден привлечен странец во својот живот кој ќе ве заинтригира. Од тоа може да прерасне сериозна врска.

Доколку сте во врска, овој месец ќе биде мирен. Доста време ќе поминувате заедно со што ќе го разбудите и својот однос и ќе ги зајакнете емоциите. Не заборавајте да посветите малку време и на себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот