ХОРОР ВО СРБИЈА: Син си го убил таткото во семејната куќа

Српската полиција во Панчево уапсила 37-годишник поради сомнение дека синоќа во семејниот дом го убил својот 56-годишен татко, пренесува Курир.рс. 

Според овој извор, неофицијално, синот по расправија и тепачка го турнал таткото, кој паднал и ја изгубил свеста.

– Несреќниот човек починал на пат кон болница. Неговото тело е пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција – изјавил извор за српските медиуми.

Полицијата го истражува случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот