Хорор во Сарај: Очув две години ја силувал малолетната пасторка, уапсен утрово

Сексуално злоупотребување илустрација/ Фото Top Channel

Во разговор со полициски службеници девојчето (14) изјавило дека нејзиниот очув и претходно (уште кога имала 12 години), во повеќе наврати извршил обљуба врз неа.

Рано утрово околу 05.00 часот во шума помеѓу скопските села Паничари и Буковиќ, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Т.(48) од Сарај, скопско, кој се барал по распис од СВР Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

На 26 септември минатата година во СВР Куманово било пријавено дека Ф.Т. извршил обљуба врз 14 –годишно девојче од село од општина Липково, на кое и бил очув.

Подоцна, во разговор со полициски службеници девојчето изјавило дека нејзиниот очув и претходно (уште кога имала 12 години), во повеќе наврати извршил обљуба врз неа.

Ф.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот