Холандија сака да распореди Ф-35 во Бугарија за да го поддржи НАТО

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Холандските ВВС ќе распоредат два авиона од петта генерација во Бугарија во април и мај за да ги поддржат активностите на НАТО со спроведување на воздушни судири во регионот на Црното Море, пишува ac.nato.int.

Според Каиса Олонгрен, која е холандска министерка за одбрана, сите напори се насочени кон деескалација на ситуацијата преку дијалог и дипломатија.

– На крајот, тоа е во интерес на сите земји-учеснички. Истовремено, важно е да се подготвиме за несаканото сценарио во случај на неуспех на разговорите, нагласи таа.

Вооружените сили на Холандија планираат да распоредат два од своите модерни ловци Ф-35 и помошен персонал во Бугарија како дел од засилената воздушна полициска мисија на НАТО, јави дописникот на МИА.

Холандија е првиот сојузник кој користи ловци од 5-та генерација во оваа мисија во Југоисточна Европа, нагласувајќи го својот придонес во колективната одбрана на НАТО. Шпанија прва и понуди помош на Бугарија, а потоа Холандија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот