Хојт Ји: Ако Бајден биде избран за претседател ќе се залага за интеграција на Македонија во ЕУ

FOTO EPA/GEORGI LICOVSKI

Ако Џо Бајден биде избран за претседател на САД ќе ја поддржи интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија, изјави поранешниот американски заменик помошник државен секретар Хојт Ји, кој сега е дел од Изборниот штаб на демократскиот претседателски кандидат.

– Цврсто верувам дека Бајден ќе се залага за интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Ова секако е одлука што мора да ја донесе Европската Унија и САД не можат да ја наметнат својата волја, но ние веруваме дека ги делиме истите цели со повеќето европски земји. Ние сакаме да ја видиме Северна Македонија интегрирана во европските институции. Очекувам Бугарија и остатокот од ЕУ да најдат начин да ги надминат проблемите, со цел Северна Македонија да започне преговори што е можно побрзо, изјави Ји за „Гласот на Америка”.

Според него, доколку Бајден победи на претседателските избори во САД, неговата администрација ќе бара од политичката елита во Северна Македонија да се бори против корупцијата, бидејќи, како што вели, на Скопје му претстои уште долг пат за да ги исполни стандардите за членство во ЕУ.

– Ако го следите Џо Бајден во изминатите децении, ќе знаете дека тој секогаш се залагал за борба против корупцијата. Неодамна, за време на неговата претседателска кампања, тој јасно стави до знаење дека глобалната борба против корупцијата ја гледа како приоритет на САД, истакна Ји, додавајќи дека евентуалната идната администрација на Бајден би била вклучена и во борбата против лажните вести во земјава, кои, според него, се објавуваат со поддршка на Русија и Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот