Хјундаи го продава својот бизнис во Русија по „смешна цена“

Хјундаи / Фото EPA/JEON HEON-KYUN

Јужнокорејскиот производител на автомобили Хјундаи ќе се приклучи на егзодусот на мултинационалните компании од Русија со продажба на своето локално производство по номинална цена. Одборот на директори ги одобри плановите за продажба на акции од Хјундаи Рус на Арт-Фајненс за 10.000 рубли (100 евра), објави денеска компанијата.

„Хјундаи преговара со Арт-Фајненс за деталите од договорот. Со цел да ги поддржи сопствениците на возилата Hyundai во Русија, Хјундаи ќе продолжи да обезбедува услуги за клиентите по продажбата”, изјави портпаролката на компанијата.

Арт-Фајненс е филијала на рускиот дилер на автомобили Авилон.

Склопните линии во главната фабрика на ХММР во Санкт Петербург, отворена во 2010 година, не работат од март 2022 година, веднаш по почетокот на руско-украинската војна, како резултат на тесните грла во снабдувањето со делови.

Хјундаи претходно произведуваше околу 200.000 автомобили годишно во таа фабрика, објавија јужнокорејските медиуми. Во март оваа година, Хјундаи објави дека сè уште истражува различни опции во врска со своето работење во Русија.

Според берзата на Хјундаи, продажбата треба да биде завршена до 28 декември, а зделката вклучува опција за откуп.

Во одлуката на управниот одбор на Хјундаи е вклучена и продажбата на затворената фабрика на Џенерал Моторсво Санкт Петербург. Хјундаи ја презеде таа фабрика со годишен капацитет од 100.000 автомобили пред три години, но таа никогаш не беше ставена во функција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот