Хисени: Договор со Белград за една година или целиот процес ќе пропадне

Фото: EPA/Soeren Stache

Косовскиот координатор за дијалогот со Србија, Скендер Хисени изјавил дека договорот со Србија ќе биде постигнат за 12 месеци или процесот на помирување целосно ќе пропадне.

Хисени на ТВ Клан Косово рекол дека во тој период ќе се постигне договор за меѓусебно признавање на Косово и Србија, или процесот ќе пропадне.

Тој истакнал дека се залага за тоа да се искористи сегашниот момент кој на двете балкански земји им го дале европските сили, пренесува порталот Косово онлајн.

Хисени рекол дека ќе инсистира на интензивни разговори во координација со ЕУ, САД и Париз и дека никогаш нема да се согласи процесот да се одолговлекува и да влезе во технички разговори.

„Во рок од 12 месеци очекуваме договор со признавање од двете страни или цел овој процес ќе пропадне. Се на меѓународно ниво покажува за моментот кој Косово и Србија мораат да го зграпчат за да напредуваат. Секое одолговлекување е неуспех. Не знам дали Србија тоа го разбира, но ако има намера да влезе во ЕУ, треба да го разбере“, порача Хисени.

Координаторот именуван од премиерот Авдулах Хоти, рекол дека на политичката сцена во Косово е неопходно единство за да се постигне договор со Србија. Според него, Косово не смее повторно да дозволи да пропаднат напорите во дијалогот со србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот