Хелен Мирен се огласи по смртта на посинокот: Одете редовно на прегледи, тоа може да ве спаси

Фото: ЕПА

Посинокот на актерката Хелен Мирен, Рио Хакфорд, почина пред неколку дена, а сега таа и нејзиниот сопруг испратија официјално соопштение во кое ја открија причината за неговата смрт.

Веста дека актерот Рио Хекфорд, актер и сопственик на неколку клубови, почина на 51-годишна возраст го изненади светот, а во црно ги зави актерка Хелен Мирен и нејзиниот сопруг Тејлор Хекфорд, чиј син е Рио. Само неколку дена по неговата смрт, двојката собра сила да открие зошто Рио починал.

„Рио почина од увеален меланом, многу агресивен и редок облик на рак. Би ги замолиле сите што го читаат ова да ги тестираат очите барем еднаш годишно, што би можело да ги спаси нивните најблиски од овој рак“, напишаа тие во соопштението.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rio Hackford (@riohackford)

„Неговиот живот ни покажа како да живееме великодушно и да чувствуваме заедништво. Тој го подели својот животен пат со многумина кои сега жалат, а во исто време го слават  богатство поради тоа што го познавале“, додадоа тие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rio Hackford (@riohackford)


Рио беше најстариот син на режисерот Тејлор Хакфорд, кој го доби со првата сопруга Џорџи Лоренс, а посинок на познатата британска актерка Хелен Мирен. Тој глумеше во бројни филмови и серии, а поседуваше и голем број ноќни клубови и кафулиња низ САД.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rio Hackford (@riohackford)


Актерската кариера ја започна со мала улога во класиката „Убава жена“ во 1990 година, а веднаш потоа се појави во неколку серии.

Последниве години немаше некоја голема улога, но неодамна сакаше да се врати на голема врата пред камерите. Се појави како менаџер во серијата „Pam & Tommy“ и ова воедно му е последната улога. Рио исто така глумеше и во „The Mandalorian“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rio Hackford (@riohackford)


На социјалните мрежи од него се простуваат бројни колеги и пријатели.

„Ел Рио“, напиша Хелен Мирен во описот на својата фотографија, а многу познати личности му оддадоа почит и изразија голема тага поради неговата смрт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Helen Mirren (@helenmirren)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот