Хашкиот суд го одби барањето на Ратко Младиќ, правосилната пресуда на 8. јуни

Меѓународниот суд на правдата во Хаг денеска го одби барањето на одбраната на генералот Ратко Младиќ за одложување на изрекувањето на пресудата, закажано за 8 јуни.

Поранешниот командант на армијата на Република Српска, генерал Младиќ (78), Хашкиот трибунал го осуди на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница и злосторствата против човештвото во БиХ во војната од 1992-95 година.

Апелацискиот суд, одбивајќи го барањето на одбраната како неосновано, оцени дека генералот Младиќ и барем еден од неговите бранители можат да присуствуваат на изрекувањето на пресудата или во судницата или преку видео врска.

Одбраната претходно побара одложување, со образложение дека Младиќ одбил да ја следи седницата преку видео врска и инсистирал тој и двајцата бранители, Бранко Лукиќ и Драган Иветиќ, да присуствуваат на изрекувањето на пресудата во судницата.

Според одбраната, Иветиќ не може да биде присутен поради болест, а Лукиќ затоа што ги почитува упатствата на Младиќ.

Апелацискиот совет ги отфрли приложените аргументи на одбраната, нагласувајќи дека, според правилата на судот, правото на обвинетиот да присуствува на судењето не мора да значи физичко присуство во судницата и не исклучува следење на седницата преку видео врска.

Судиите подвлекоа дека бранителите се должни да го застапуваат својот клиент, во согласност со судските наредби, и дека барем еден од адвокатите на Младиќ може да присуствува на изрекувањето на пресудата.

Апелацискиот совет исто така го одби барањето на одбраната, пред изрекувањето на пресудата, да се утврди дали Младиќ е процесно способен за следење на изрекувањето на пресудата поради последиците од мозочните удари.

Во одлуката, судиите цитираа од барањето на бранителите дека самиот Младиќ им дал упатства и дека им го пренел својот „недвосмислен став” со кој одбива да го следи изрекувањето на пресудата преку видео-врска.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот