Хашим Тачи наредил да се мачат и убијат Срби, Роми и Албанци, велат хашките обвинители

Хашим Тачи во Хаг/ Фото EPA-EFE/JERRY LAMPEN

Обвинението против поранешниот претседател Хашим Тачи и тројца негови поранешни соборци од Ослободителната војска на Косово (ОВК/УЧК) открива детали за наводните тепања, убиства и за постоењето на масовна гробница. Откриени се и идентитетите на некои од жртвите.

Последната верзија на обвинението, поднесена од обвинителството на 27 февруари, ги открива и имињата на некои од жртвите- етнички Албанци, Срби, Роми, како и детали за наводните закани и притисоци што Тачи и неговите соработници ги вршеле врз политичките ривали на ОВК.

На Тачи ќе му се суди во Хаг на 3 април заедно со Кадри Весели – поранешен претседател на косовскиот парламент и лидер на Демократската партија на Косово, Јакуп Красниќи – поранешен претседател на националниот совет на Социјалдемократската иницијатива и Реџеп Селими – поранешен шеф на пратеничката група на најголемата опозициска партија во тоа време.

Во обвинението се наведува дека како дел од „заеднички злосторнички потфат“, четворицата мажи извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото најмалку во периодот од март 1998 година до септември 1999 година и сносат кривична одговорност за речиси 100 убиства. Тие се обиделе да ја заврцстат својата контрола над Косово „со средства што вклучуваат незаконско заплашување, малтретирање, извршување насилство врз оние што се сметаат за противници и нивна физичка елиминација“.

Се наведува дека како високи фигури во герилските сили на ОВК, тие имале „супериорна одговорност“ што ги прави соучесници во воени злосторства и злосторства против човештвото бидејќи наводно биле свесни за прекршувањата, но не преземале дејствија за да спречат криминални дела или директно учествувале во злосторствата или давале наредби за нив.

Малку преработеното обвинение открива дека телата на 12 жртви од етнички Срби биле пронајдени во масовна гробница во 2005 година.

Според обвинителството, околу 17 јули 1998 година, „група од 11 српски затвореници биле префрлени во соба во подрумот на зграда во Малишево, каде што веќе биле држени двајца други српски затвореници“. Тука заробените биле претепани и мачени.

Обвинителството тврди дека на 19 јули „приведените биле ставени во комбе и однесени до блиската локација каде што биле застрелани и убиени од одредени членови на ОВК. Еден притвореник избегал. Телата на другите 12 мажи беа извадени од една масовна гробница во Малишево/Малишево во 2005 година“.

Малку преработеното обвинение наведува дека во јуни 1998 година, двајца „противници“ на Тачи биле уапсени, испрашувани и во еден случај сериозно претепани од членови на здружениот злосторнички потфат и луѓе под нивна контрола во штабот на ОВК во Дреновац.

Тие потоа биле испратени во Генералниот штаб на ОВК од страна на Тачи и лично Весели, „со присутен и Реџеп Селими“. Двајцата противници никогаш повеќе не биле видени се вели во обвинението.

Обвинението ги дефинира противниците како луѓе кои ОВК ги сметало дека соработуваат со српските сили или не ја поддржуваат ОВК, вклучително и дека се поврзани со политичката партија Демократска лига на Косово, како и лица од други етникуми Срби, Роми и др.

Обвинението понатаму тврди дека на или околу 20 септември 1998 година, Тачи и Селими, заедно со други членови на здружениот злосторнички потфат и луѓе под нивна контрола, учествувале и воделе апсење, приведување и заплашување на 13 членови на косовската парламентарна делегација кои беа во хуманитарна посета на Кирез/Цирез.

Членовите на делегацијата биле „претепани и имале видливи повреди“ и биле принудени од страна на Тачи и Сабит Геци да се откажат од лидерот на Демократската лига на Косово, Ибрахим Ругова.

Според обвинението, во присуство на Тачи, Сабит Геци се заканувал дека „ќе убие член на делегацијата“, а потоа по нивното ослободување Тачи ја засилил заканата со тоа што на еден член на делегацијата му рекол дека „дури и да си слободен сега, можеме да те убиеме во Приштина“.

Специјалистичките совети се дел од судскиот систем на Косово, но се наоѓаат во Холандија и се екипирани од меѓународни лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот