„Хари одвај стоеше на нозе и труеше на алкохол“: Познатата новинарка откри не баш пријатни детали за принцот

принц хари меган маркл
Принц Хари и Меган Маркл / Фото: Профимедиа

Славната новинарка и водителка Кејти Курик не поштеди никого во своите мемоари „Одење таму“, кои ќе излезат на крајот на овој месец и потоа ќе оди на литературна турнеја.

Кејти  во книгата проговори за своите колеги, sвездите од А-листата, поранешното момче, па дури и за принцот Хари, а оние коишто веќе успеале да ја прочитаат велат дека треба да го носи називот „Палење на мостовите“, пишува „Дејли мејл“. Нејзината писателска инспирација ќе предизвика гнев кај многумина, а веројатно ниту принцот Хари не е среќен што таа го споменала.

File:Katie Couric VF 2012 Shankbone 2.JPG - Wikimedia Commons

Фото: Wikimedia Commons

Имено, „Дејли мејл“ тврди дека новинарката се присетила на неговата дива фаза, која ја имал кога го интервјуирала во 2014 гдина. Го запознала на поло натпревар во Бразил и тој мирисал на цигари и алкохол. Кети истакнала дека смрдеата била толку силна што се чинело дека излегува од секоја пора на неговото тело.

„Беше многу непријатно. Одвај стоеше на нозе. Смрдеата беше неподнослива. Не можев да поверувам дека така изгледа еден принц. Алкохолот и цигарите се чувствуваа од секоја негова пора“, открила Кети.

Дека ова Курик не го измислила, го потврдува интервјуто на принцот кај Опра Винфри пред неколку месеци. Тогаш рече дека секој ден се опивал и пушел цигара по цигара, а исто така признал и дека земал различни таблети за да му помогна полесно да ја преброди смртта на својата мајка, принцезата Дијана. Притоа, тој се трудел сето тоа да го скрие од другите луѓе.

– Бев подготвен да пијам, бев подготвен да земам дрога. Бев подготвен да правам работи со кои би се чувствувал помалку отколку што се чувствував во тоа време – рекол Хари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Couric (@katiecouric)

Спомнувањето на принцот во мемоарите ја изненади јавноста бидејќи минатата година беа блиски соработници. Курик, исто така, истакнала во книгата и дека Хари може да ѝ биде благодарен на својата сопруга Меган Маркл што е жив и дека се надева дека никогаш повеќе нема да го види во таква лоша состојба.

Сепак, според „Дејли мејл“, водителката се воздржала од откривањето скокотливи детали за кралската двојка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот