Хамнеи: Американските санкции за Иран се криминален акт

Иранскиот Врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, американските санкции кон неговата земја ги нарече “криминален акт”, пренесоа британските медиуми.

Зборувајќи денеска на националната телевизија Хамнеи американските санкици ги нарече криминален акт против Иран и оцени дека санкциите можат да се претворат во нова шанса за иранската економија да не зависи само од извозот на нафта.

Во своето неодамнешно обраќање до нацијата Хамние го потврди својот цврст политички курс и ги повика Иранците да се консолидираат во одбрана на виталните национални интереси.

Од минатомесечното убиство на генералот Сулејмани во Ирак, Иран инсистира на засилување на дипломатските активности и контакти, но истовремено ја изразува и својата подготвеност, доколку тоа биде потребно, и воено да се спротивстави на американските предизвици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот