Хакери го нападнаа Косовскиот телеком, половина држава е без интернет

Хакери/ Фото: ЕПА

Косовскиот Телеком денеска бил цел на сајбер-напади, што предизвика прекин во интернет-услугите за голем број корисници, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата во изјава за медиумите ја потврди портпаролот на Телекомот, Фадиљ Лепаја, кој информира дека нападите започнале во осум часот наутро.

– Косовскиот Телеком денеска се соочува со сајбер-напади, кои започнаа во 8 часот наутро. Нашите тимови ги идентификуваа ИП-адресите кои напаѓаат и интензивно работие на конечно прекинување на нападите, изјави Лепаја.

Неколку земји од регионот во последните недели се соочуваат со зачестени хакерски напади, поради што Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран, откако утврдила дека зад нападите врз институциите, меѓу кои и против системот на граничните служби, стојат хакери поддржани од Техеран.

Во Косово во претходните денови беа нападнати платформата „Е-Косова“, веб-страницата на Владата, на неколку министерства, на полицијата на Косово и на повеќе онлајн медиуми.

Дел од медиумите во Приштина и денешната ненајавена и ненадејна посета на Албин Курти на Тирана и средбата со албанскиот премиер Еди Рама, ги доведуваат во врска со кибер-нападите врз двете држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот