Хафтар ги затвори нафтените полиња во јужна Либија

Во меѓувреме, светските лидери се близу до постигнување договор на мировната конференција за Либија во Берлин за нацрт-извештајот, изјави учесник за „Ројтерс“.

Либиската Национална нафтена коорпорација (НОЦ) објави дека го намалува производството во нафтените полиња „Ел Шарара“ и „Ел Фил“, откако силите на либиската Национална армија (ЛНА) под команда на Калиф Хафтар го затворија главниот гасовод од овие полиња.

-НОЦ потврди дека поединци од гардата кои ги чуваат нафтените централи со команда на ЛНК го затвориле нафтоводот Хамад-Зави, принудувајќи ја корпорацијата да го ограничи производството на нафта во нафтените полиња „Ел Шарара“ и „Ел Фил“, се вели во соопштението.

Во меѓувреме, светските лидери се близу до постигнување договор на мировната конференција за Либија во Берлин за нацрт-извештајот, изјави учесник за „Ројтерс“.

Германија и ОН, како домаќини на конференцијата, се обидуваат да го вратат Хафтар на преговарачката маса откако тој ги напушти преговорите, при што производството на нафта е намалено за половина во областите под негова  контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот