Гутереш: Секој неселективен напад врз цивилни и медиумски структури го крши меѓународното право

Антонио Гутереш
Антонио Гутереш, генералниот секретар на ОН/ Фото: EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш рече дека е „шокиран“ од цивилните жртви во Газа и „длабоко шокиран“ од израелскиот напад врз зградата во која се сместени канцелариите на меѓународните медиуми, изјави неговиот портпарол Стефан Дујарик.

Изјавата доаѓа откако Израел го нападна Појасот Газа со воздушни напади во кои загинаа 10 члена на семејство и уништи 13-катна зграда во која се наоѓаа светски медиуми како Ал Џезира и Асошиејтед Прес.

Нападот се случи во услови на ескалација на тензиите што го принудија Советот за безбедност на ООН да свика итен состанок за да одговори на судирите во Израел и Газа.

Гутереш е исто така „сериозно загрижен“ поради уривањето на зграда во градот Газа, во која се сместени канцелариите на неколку меѓународни медиумски организации и станбени станови.

Меѓу тие медиуми е и Асошиејтед прес, чиј директор Гери Пруит во денешното соопштение рече дека „е избегната страшна загуба на живот со евакуација на вработените на време”. Претходно Израел соопшти дека бил известен сопственикот на зградата со цел да се изврши евакуација на станарите.

– Генералниот секретар ги потсетува сите страни дека секој неселективен напад врз цивилни и медиумски структури го крши меѓународното право и мора да се избегне по секоја цена, се вели во изјавата на Дујарик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот