Гутереш повика на глобално примирје: Време е да се стави крај на војните, да се фокусираме на борбата за нашите животи

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш денеска повика на глобално примирје за да може светот да се фокусира на борбата против пандемијата на новиот коронавирус.

– Време е да се стави крај на вооружените конфликти и заедно да се фокусираме на вистинската борба за нашите животи – рече Гутереш во видео обраќање.

Тој истакна дека вирусот не бира националност или етничка припадност, фракција или религија.

– Тој ги напаѓа сите немилосрдно. Во меѓувреме, вооружените конфликти беснеат низ целиот свет. Најранливите – жени и деца, лица со посебни потреби, маргинализирани и раселени – плаќаат највисока цена. Тие се со најголем ризик – заклучи Гутереш.

Во исто време, генералниот секретар на Обединетите нации предупреди дека здравствените системи во земјите погодени од војни се распаднати и во нив останале само малкумина здравствени работници.

– Ставете крај на болеста на војната и борете се против болеста што го пустоши нашиот свет. Сè започнува со запирање на борбите насекаде. Сега. Тоа му е потребно на нашето човечко семејство, сега повеќе од кога било – рече Гутереш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот