Гутереш повика да се реагира неодложно и одлучно за Либија

На отворањето на меѓународната конференција за Либија во Берлин, тој рече дека нема воено решение за Либија.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ја повика меѓународната заедница итно и решително да реагира со цел да се спречи граѓанска војна од големи размери во Либија, што би имало катастрофално влијание врз целиот регион.

На отворањето на меѓународната конференција за Либија во Берлин, тој рече дека нема воено решение за Либија.

– Сега е време за неодложна и одлучна акција за да се спречи граѓанска војна од големи размери, рече Гутереш.

Тој предупреди дека таков конфликт ќе предизвика „хуманитарен кошмар” и оти земјата ќе биде „ранлива поради постојани поделби”.

Гутереш потсети дека илјадници луѓе се убиени или повредени за време на конфликтот во Либија, а околу 170.000 беа принудени да ги напуштат своите домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот