Гутереш го повика Израел да ги отстрани сите пречки за испорака на помош во Газа

Антонио Гутереш / Фото EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска побара од Израел да дозволи помошта да стигне до Појасот Газа и повторно апелираше за итен прекин на огнот.

„Кога ќе ја погледнете Газа, изгледа како четворица јавачи на Апокалипсата да галопираат ширејќи војна, глад, освојување и смрт“, рече Гутереш во Каиро, на заедничката прес-конференција со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.

Тој додаде дека целиот свет верува дека сега е „крајно време оружјето да замолчи и веднаш да се воспостави прекин на огнот“.

Гутереш денеска се сретна и со претседателот на Египет, Абдел Фатах ел Сиси, придружуван од шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини.

Во саботата во Египет, за време на обиколката на граничниот премин Рафа лоциран на југот на палестинската територија, Гутереш рече дека жителите на Газа се „затворени во бескраен кошмар“.

Израел воведе целосна опсада на Газа на 9 октомври и строго ја контролира помошта што доаѓа главно од Египет, преку Рафа. Оваа контрола го ограничува и намалува, според ОН, бројот на камиони кои влегуваат на палестинска територија.

Гутереш денеска ја пофали клучната политичка и хуманитарна улога на Египет во донесувањето на многу потребната помош за Газа.

Египет е првата арапска земја што го призна Израел и е традиционален посредник меѓу Израелците и Палестинците.

Заедно со Катар придонесе за воспоставување примирје на крајот на ноември и размена на околу 100 израелски заложници за 240 палестински затвореници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот