Гус Хидинк се сомнева: Натпреварот против Барселона можеби е наместен! (ВИДЕО)

фото: твитер

Холанѓанецот се потсети на мечот на „Стемфорд Бриџ“ и раната што сè уште го боли останувајќи без пласман во финалето за најголемиот европски клупски трофеј…

Полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Челзи и Барселона во 2009 година според фудбалските стручњаци го одбележа лошото судење на Норвежанецот Том Хенинг Евребе.

Тогашниот менаџер на лондонските „сини“, Гус Хидинк и денес тврди дека тој натпревар е навистина сомнителен.

Скандинавскиот арбутар според холандскиот стратег ја оштети домашната екипа, а голот на одлуката во судиското надополнување за пласман во финалето го постигна Андрес Иниеста.

Холанѓанецот се потсети на мечот на „Стемфорд Бриџ“ и раната што сè уште го боли.

Бев изненаден од судењето затоа што знаев дека Норвежанецот може да го направи тоа многу подобро. Дали мислам дека тоа беше најлошото судење досега? Да, јас го тврдам тоа – рече Хидинк за холандските медиуми, додавајќи:

Тоа беше единствениот момент во мојата кариера кога помислив дека е можно да се намести натпревар.

Судијата Оребро не досуди пенал над Малуда, а потоа не санкционираше играње со рака на Жерар Пике и Самуел Ето`о.

Првиот дуел на „Камп Ноу“ заврши без голови, додека Челси поведе во возвратниот натпревар во Лондон во деветтата минута со погодокот на Есиен. Конечниот резултат го постигна Иниеста во третата минута од судиското надополнување.

Таа сезона 2008/2009 во ЛШ, каталонскиот гигант ја освои титулата, откако во големото финале го совлада Манчестер јунајтед со 2:0 на Олимпискиот стадион во Рим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот