Гурмански викенд: Тиквички полнети со просо

Тиквички
Фото: Принтскрин / Youtube

Доколку се двоумите што да подготвите денес за ручек имаме совршена идеја за вас. Подгответе тиквички полнети со просо, лесна и здрава варијанта на оброк за целото семејство.

СОСТОЈКИ:
– 100 г просо
– 400 мл бистра растителна супа
– 3 средни тиквички
– 3 лажици свежо сирење
– 75 г фета сирење
– 2 големи чешниња лук
– 2 млади кромитчиња
– прстофат сушена мајчина душичка
– 1 јајце
– 50 г рендан кашкавал
– сол и црн пипер

ПОДГОТОВКА:
Просото измијте го, ставете во сад, додајте ја растителната супа и оставете да зоврие. Намалете ја температурата и нека се вари 20-тина минути, односно додека  ја впие течноста. Тргнете го садот  на страна да се излади. Преполовете ги тиквичките, издлабете ги и ставете ги во намастен сад за печење. Изладеното просо измешајте го со останатите состојки, освен ренданиот кашкавал. Додајте го матеното јајце, зачинете со сол и црн пипер. Со ова наполнете ги тиквичките, посипете ги со рендан кашкавал и печете ги во рерна загреана на 200 степени околу 40 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот