Ѓуриќ: Кој и да сака да формира влада во Косово треба да тропне на вратата на Српската листа

Српската листа на последните избори доби 10 пратенички места во косовскиот парламент.

Директорот на српската владина канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, рече дека секој кој што сака да формира влада во Косово, вклучувајќи го тука и Албин Курти, треба да оди и да тропа на вратата на Српската листа.

-Нашата провинција како да е Белгија во поглед на формирањето на институциите, но ние полека добиваме феноменални резултати за Српската листа и за мене е вест на годината тоа што србите се договориле кој и да сака да формира влада, треба да тропне на нашата врата-, рече Ѓуриќ за српската државна телевизија.

Тој рече дека Србија подржува било кој став на Српската листа во однос на новата влада во Косово. Според него владата на Србија поделила 150 милиони евра за неговата канцеларија додавајќи дека тие пари се за србите во Косово. Српската листа на последните избори доби 10 пратенички места во косовскиот парламент.

Според уставот оваа партија ќе предлага еден министер во новата влада на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот