Груевски напиша нова книга, му ја објави издавачката куќа „Ѓурѓа“

Фото: Фејсбук

Во издание на издавачката куќа „Ѓурѓа“ новата книга на поранешниот премиер и бегалец во Унгарија, Никола Груевски, наскоро ќе се најде во продажба во земјава. Насловот на книгата е „Добро е да се знае“, а Груевски ја најави со објава на социјалните мрежи, објаснувајќи дека се работи за „есеи за значајни историски мигови“.

Тој во книгата се осврнува на периодот од 2017 година до денес, а во неа се поместени „текстови кои се рефлексии на различни настани актуелни и историски“, кои авторот главно ги објавуваше како статуси на Фејсбук.

Фото: Фејсбук

-Со насловот на книгата „Добро е да се знае“, настојував, особено во ова време на сериозно негирање на македонскиот идентитет, име, јазик, националност и историја, да ги мотивирам, особено оние кои поретко се навраќаат кон тие теми од нашата национална историја, тоа да го прават почесто и да се навраќаат на сопствената национална историја, пишува Груевски.

Поранешниот премиер избега од Македонија пред да оди во затвор по неколкуте активни пресуди против него за злоупотреби додека беше на власт. Тој доби политички азил од власта на Виктор Орбан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот