Гризман: Не ги разбирам Меси и Суарез, не дојдов во Барса поради трофеите!

twitter/barselonafans

Французинот со години важеше за еден од најдобрите фудбалери на Атлетико, но меѓу навивачите „преку ноќ“ стана омразен откако со обесштетување од 120 милиони евра се пресели на „Камп Ноу“.

Во првите месеци во каталонскиот клуб не му одеше на Гризман како што се надеваше, но и покрај тоа не зажали поради својата одлука да дојде во Барса, кој во разговор за „УЕФА ТВ“ и објасни.

– Не дојдов поради Лигата на шампионите и како би освоил уште повеќе трофеи. Си заминав од Атлетико, бидејќи сакав да вкусам нов стил на игра, нова филозофија – рече Гризман, а потоа додаде:

– Уште не ги разбирам до крај движењата на Суарез и Меси. Прилично сум срамежлив, не разговарам многу со останатите, но мислам дека се ќе си дојде на свое место. Нештата одат во позитивен правец. Мораме само подобро да ги разбереме соиграчите.

Во досегашниот дел од сезоната Французинот на 14 лигашки дуели реализираше пет погодоци и притоа четирипати асистираше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот