Грета Тунберг повторно обвинета дека не е посветена активистка, туку лажга

Грета Тунберг/ Фото: EPA-EFE/J.J. GUILLEN

По повеќемечното патување низ светот и борбата против климатските промени, шведската активистка за климатски промени, Грета Тунберг си замина дома со воз бидејќи не патува со авиони поради загадувањето што го предизвикуваат.

Таа објави фотографија на која седи на подот во наводно преполн воз со кој си оди дома, по што веднаш се огласија од германските железници соопштувајќи дека таа имала седиште во првата класа.

Тунберг на „Твитер“ напиша дека возот бил преполн, но среќна е што патува дома.

Но, дека не е толку за „жалење“, ја издадоа од Германската железница, кои не и остаанаа должни, па исто така со коментар и одговорија дека имала резервирано место во прва класа.

„Драго ни е што беше со нас во возот ICE 74 оваа сабота. И тоа со 100 процентно еколошка електрична енергија“, напишаа тие.

Но потоа додадоа:

„Ќе беше уште поубаво ако известеше колку е способен и љубезен нашиот тим кој се грижеше за тебе и твоето седиште во првата класа“.

Грета на ова врати дека патувала со два воза и додаде дека преполните возови се добар знак дека желбата да се патува со воз е голема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот