Гренел со твит за поранешниот косовски премиер: Курти е секогаш против САД

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Специјалниот претставник на Белата куќа во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел порача дека секогаш може да се смета оти лидерот на движењето „Самоопределување“ и поранешен косовски премиер, Албин Курти е против САД.

– Едно е сигурно. Секогаш може да сметате дека Курти ќе биде против САД“, напиша Гренел на Твитер.

Курти, како што пренесува „Косово онлајн“, претходно објави дека нема да го почитува договорот од Вашингтон во истиот момент штом се врати во премиерскиот кабинет. Исто така додаде дека посредниците не треба да брзаат со заклучоци што наведуваат на натамошни поделби меѓу Србија и Косово.

Курти беше против идеите на Барак Обама, како што беше и против идеите на Џорџ Буш помладиот, додаде Гренел.

– Симболизмот не плаќа кирија, тоа го прават работните места“, заклучи Гренел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот