Гренел ќе се повлече од функцијата амбасадор на САД во Берлин во наредните недели

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Според информациите на германската новинска агенција ДПА, Ричард Гренел (53) наредните недели ќе ја напушти функцијата на американски амбасадор во Берлин, а агенцијата тоа го поврзува со претседателските избори во САД на 3 ноември, јавува денес Дојче веле.

Робин Куинвил, кој е заменик на Гренел од јули 2018 година, се очекува привремено да ја врши неговата работа во Берлин.

Претседателот на САД Доналд Трамп во февруари го врати Гренел во Вашингтон за привремено да  ја преземе функцијата координатор на сите тајни служби, пренесува Дојче веле.

Поранешниот координатор Џозеф Мегваер ја изгуби довербата на претседателот и си даде оставка. Привремено решение мораше да се најде набрзина, а во четвртокот американскиот Сенат го потврди назначувањето на конгресменот Џон Ретклиф за постојан координатор на 17 американски тајни служби. Во вторник, кога тој ќе положи заклетвата, ќе заврши тримесечниот привремен мандат на Гренел.

Не е изненадување што Гренел сега сака да ја напушти функцијата амбасадор во Берлин. Тој во февруари рече дека сака да остане амбасадор, но две недели подоцна, интернет-порталот „The Daily Wire“ објави дека Гренел ја известил Белата куќа за неговата намера да си даде оставка. Но, ниту Белата куќа ниту амбасадата во Берлин официјално не ја потврдија оваа вест. Дури и сега, американската амбасада не кажува ништо за идните планови на Гренел.

Во петокот, по потврдата на Ретклиф како нов координатор во Вашингтон, Амбасадата во Берлин објави дека Гренел, како в.д. координатор на американските тајни служби, ја претставува политиката на САД, имајќи ја предвид Германија.

Во извештајот не се кажува ништо за тоа дали Гренел ќе остане специјален претставник на американскиот претседател за преговорите меѓу Србија и Косово. Гренел важи за човек кој е крајно лојален на Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот