Грчката полиција уништи над два и пол тони хероин, канабис, кокаин и таблети

Фото: МИА

Спакувани во 173 пакети, грчката полиција запали различни видови на дрога запленети во повеќе случаи во изминатиот период, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопшти портпаролката на грчката полиција, Јоана Роѕиоку, со палење биле уништени околу 86 килограми хероин, над 64 килограми кокаин, два тона и 616 килограми суров канабис, 6,5 килограми обработен канабис, 4.334 садници канабис, како и 306 таблети.

Дрогата што била запалена е откриена во над 100 случаи на производство, транспорт или трговија со дрога.

Уништување на запленетата дрога е редовна пракса на грчката полиција, а последен пат е извршено на 12 јуни годинава.

Портпаролката на грчката полиција истакна дека од јанураи до ноември 2019 биле откриени над 12 илјади случаи со дрога, за вмешаност во нив биле уапсени над 14.400 лица, а биле запленети околу 11 тони канабис, над 365 килограми хероин, околу 228 килограми кокаин и над 34.200 таблети дрога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот