Граѓанско Демократската Унија заедно со Движењето на Слободни граѓани ја објавија коалицијата за претстојните избори

Денеска во хотел „Хилтон“, Граѓанско Демократската Унија заедно со Движењето на Слободни Граѓани ја објави својата коалиција за претстојните парламентарни избори.

-Ние од Граѓанско Демократската Унија и Движењето на Слободни Граѓани, активисти и приврзаници, се здруживме да го предизвикаме овој корумпиран политички систем за да и ставиме крај на оваа „партиска диктатура“ која не ограничува, осиромашува, која не гуши и иселува од земјава , која секојдневно не обезвреднува и понижува- наведуваат во соопштението од Граѓанско Демократската Унија.

Оттаму велат дека се обединуваат затоа што сакаат Македонија  да биде правна држава. Затоа што властите секојдневно ги газат граѓанските права и слободи. Затоа што партиските бирократии глумат јавна администрација.

-Затоа што политичкиот систем во Македонија е корумпиран. Затоа што не сакаме Македонија да биде изолирана. Затоа што профитот на неколкумина е поважен од животот на многумина. Затоа што новинарите се слободни да го напишат она што им е наредено. Затоа што судските постапки траат подолго од животот на граѓаните. Затоа што образованието е во рацете на партиските јуришници. Затоа што јавниот здравствен систем е опасен по живот.Затоа што корумпираноста е доблест, а чесноста – срам. Затоа што криминалот се исплатува- стои во соопштението.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот