Градоначалникот на Сеул кој се самоуби е обвинет за сексуална злоупотреба

Фото: EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Поранешната секретарка на градоначалникот на Сеул, Парк Вон-сун, кој почина минатата недела, го обвини за четиригодишна сексуална злоупотреба.

Парк Вон-сун беше пронајден мртов еден ден откако неговата поранешна секретарка го пријави во полиција.

Секретарката на Парк изјави дека добивала фотографии од него во долна облека и била повикана во неговата канцеларија и ја замолил да ја прегрне.

Секретарката побара заштита од одговорните во Градското собрание на Сеул, но нејзините обвинувања се игнорирани и додаде дека злоупотребата продолжила и откако го променила работното место.

Парк беше омилен градоначалник на Сеул и два пати беше избран за прв човек на градската власт.

Телото на Парк беше пронајдено во шума во северен Сеул, откако тој остави проштална порака за своето семејство, по што беше пријавен за исчезнат, а полицијата верува дека извршил самоубиство.

Сеул прогласи петдневна жалост за 64годишниот градоначалник, а пред Градското собрание е поставено телото на Парк  за десет милионските жители да можат да се збогуваат од него.

Над 500.000 луѓе потпишаа петиција во која бараат граѓаните на Сеул да се откажат од оддавање почит на Парк, откако во јавност се појавија  обвинувања за сексуална злоупотреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот