Градоначалникот на Пробиштип е позитивен на коронавирус

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов позитивен на коронавирусот. Тој за МИА ја потврди информацијата и вели дека од петокот не е на работното место, бидејќи ги почувствувал симптомите, веднаш се изолирал и го чекал резултатот од тестот. Забележува дека тој и вработените во кабинетот и администрацијата комплетно ги почитувале здравствените протоколи. Анастасов утринава во статусот на социјалните мрежи ги извести жителите на Пробиштип.

-Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај почитувањето на мерките за заштита од самиот почеток на пандемијата, добив позитивен резултат за ковид-19. Со благи симптоми, веќе сум во домашна изолација. Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против ова заедничко зло, вели Анастасов.

Според епидемиолозите во изолација заминуваат и уште шестмина вработени во Општина Пробиштип, а претходно од општинската администрација имале два случаи, кои се во изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот