Градоначалникот на Кочани Папазов потврди дека е позитивен на коронавирусот

фото: Фејсбук

Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов ја потврди информацијата која денеска ја објави „Слободен печат“ дека тој е позитивен на коронавирусот. Папазов вели дека попладнево добил позитивен резултат на PCR-тестот за Ковид-19 што го направил во кочанскиот Центар за јавно здравје.

Во текот на денот, Папазов вели дека на негово барање му бил направен амбулантски преглед, откако се посомневал за здравствената состојба по претходниот позитивен резултат од брзиот антигенски тест. Подоцна му е извршено снимање на томографот во штипскиот ковид центар, но не е задржан на болничко лекување.

Во кусата телефонска изјава за МИА, Папазов потврди дека се чувстува добро, без видливи симптоми на Ковид-19, иако и двата теста го потврдиле присуството на коронавирусот.

Папазов, кој пред два дена се онесвести додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски даваше изјава, вчера ја презеде градоначалничката функција, но од денесека е на боледување и работните обврски ќе ги координира од домашна изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот