Градоначалниците во Италија против оние кои ја кршат изолацијата: „Ќе ве фатам утре, а не за една година!“ (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Италијанските градоначалници и челници на регионите, на социјални мрежи ги загубија нервите поради неодговорните граѓани кои ја кршат изолацијата наметната поради брзото ширење на коронавирусот.

– Слушам дека некои од вас сакаат да направат дипломска забава. Ќе ви испратиме полиција. Со пламенофрлачи – вели еден градоначалник смирено, додека друг пак е многу потемпераментен.

„Ќе ве уловам. Утре, не за една година. Утре! Јас сум градоначалник. Не сакам шетање во мојот град. Не можам да ви забранам да го напуштите вашиот дом? Во ред, ќе ви забранам излегување на јавни површини“, вели тој.

Третиот сфатил дека шетањето на кучињата е само изговор за кршење на карантинот.

– Каде тргнавте? Вие и вашите кучиња…Кои очигледно имаат воспаление на простатата – им се обрати тој.

На снимакта може да се забележи како еден од нив прекинува партија пинг-понг и ги советува граѓаните да играат дома, на Плејстејшн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот