Градежни активности нa 11 локации во Скопје

фото Архива

На 11 локации во Скопје ќе започнат градежни активности. Како што информираат од Град Скопје, периодов започнува летна градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици и булевари.

-Градежните работи се во тек на Булевар АСНОМ, од булеварот „Гоце Делчев” до влезот во Ќерамидница, на должина од 300 метри, улица „Васко Карангелевски”, на потегот од булеварот „Јане Сандански” до булеварот „Трета македонска бригада”, на должина од 1.000 метри, и на раскрсница на улицата „Скупи” и булеварот „8.Септември”, раскрсница на булеварот „8.Септември” и булеварот „Никола Карев” и раскрсница на булевар „Никола Карев” и булевар „Словенија” (капиталниот проект за изградба на два кружни тека, подвозници и надвозници кај Момин поток). Булевар „Борис Трајковски”, на потегот од Пинтија до Драчево, на должина од 2.000 метри, улица „Лука Геров”, на потегот од кружниот тек кај пожарната до улицата „Волковска”, на должина од 1.800 метри, булевар „Киро Глигоров”, од булеварот АСНОМ до булеварот „Александар Македонски”, на должина од 500 метри, изградба и пробивање на улица „Есенинова”, од булевар „Борис Трајковски” до булевар „Трета македонска бригада”. Улица „Индира Ганди”, втора фаза до обиколницата, на должина од 800 метри, стои во соопштението.

Воедно од Град Скопје соопштуваат дека во наредните денови започнува и реконструкцијата на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов”, на потегот од булеварот „Свети Климент Охридски” до кружниот тек кај Католичка црква, на должина од 530 метри, улица „Бутелска”, на потегот од улицата „Александар Урдаревски” до обиколницата, на должина од 850 метри, булевар „Кузман Јосифовски Питу”, на потегот од новата железничка станица до булеварот „Кочо Рацин”, Булевар „Крсте Мисирков”, на потегот од булеварот „Кузман Јосифовски Питу” до булеварот „Гоце Делчев”, на должина од 650 метри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот