Град Скопје: Проблемот со линиите 19 и 20 е надминат

Фото: Архива на „Слободен печат“

Град Скопје информира дека проблемот со линиите 19 и 20 кои деновиве не превезуваа патници е надминат, откако градските власти и приватниот превозник постигнале договор.

– Во договор со компанијата од утре линиите ќе сообраќаат според редовниот возен ред. Градот Скопје за една недела на приватниот превозник му надомести средства во износ од осум милиони денари, а во текот на следните денови на приватниот превозник ќе му бидат надоместени скоро четвртина од наследениот долг кој Градот Скопје го има кон овој приватен превозник. Се надеваме дека вакви неприлики во врска со јавниот превоз и повторно исклучување на линии од страна на приватните превозници нема да се случуваат, затоа што истото е на штета на граѓаните – велат од Град Скопје.

Граѓаните на Шуто Оризари три дена се без превоз, приватните превозници немаат пари за гориво

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот