Готвиме со Маја: Брзи оброци во микро – полнет компир, макарони и брауни

готвиме со маја
Готвиме со Маја / Фото: Приватна архива

Доколку немате многу време, а морате да подготвите храна дома, Маја споделува неколку брзи оброци кои може да ги подготвите во вашето микро.

Полнет компир

Потребни состојки:

  • 2 големи компири
  • 1 модар домат
  • 1 пиперка
  • 1 чешне лук
  • грст магдонос
  • сол и бибер
  • суво оригано

Полнење:

  • 1 модар домат
  • 1 пиперка
  • 1 чешне лук
  • грст магдонос
  • сол
  • бибер
  • суво оригано
готвиме со маја
Полнет компир / Фото: Приватна архива

Подготовка:

Со вилушка избоцкајте ги компирите (нелупени) од сите страни и ставете ги во микробранова по 4 минути од двете страни. Боцнете ги со вилушка да проверите дали е мека внатрешноста. Доколку не се, ставете ги уште неколку минути. Кога ќе бидат готови, засечете ја горната површина од компирот и со лажица издлабете го. Внатрешноста на компирот измешајте го со сол и масло. За полнењето, испечете модар домат и пиперка и подгответе ги како пинџур. Во нив додадете го лукот, магдонос и зачинете со сол, бибер и оригано. Убаво помешајте со внатрешноста што ја извадивте и наполнете ги компирите.

Макарони во чаша

Потребни состојки:

  • 1/2 чаша макарони
  • 50 мл млеко
  • 1/2 лажичка брашно
  • 50 гр сирење
  • 50 гр кашкавал
  • 1 лажица масло
  • сол и бибер
  • суво оригано
готвиме со маја
Макарони во чаша / Фото: Приватна архива

Подготовка:

Макароните ставете ги во чаша со вода (до половината) и варете ги во микробранова 2 пати по 3 минути со мешање помеѓу. Во еден сад измешајте ги млекото, брашното, рендано сирење и рендан кашкавал и зачинете со масло, сол, бибер и суво оригано. Во овој сос ставете ги сварените макарони и вратете ги во микро уште 1,5 минута односно додека не зоврие.

Брауни во чаша

Подготовка:

  • 2 лажици путер
  • 30 гр брашно
  • 3 лажици шеќер
  • 2 лажици какао во прав
  • прстофат сол
  • прстофат цимет
  • 3 лажици млеко
  • допир екстракт од ванила
  • 1/4 пакетче пециво

Подготовка:

Во сад измешајте млеко и растопен путер. Во друг сад помешајте ги брашното, шеќерот, какао во прав, пециво, сол, цимет и ванила. Сувите состојки додадете ги во мокрите состојки и соединете. Вака подготвената смеса ставете ја во керамичка чаша, наполнета околу 2/3 и ставете ја во микробранова на најјака температура околу 1,5 минути. Готовиот колач оставете го уште 5 минути во микробранова пред да го извадите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот